Од СДСМ реагираат и бараат Борко Ристовски да си поднесе оставка од функцијата. Опозициската партија го обвинува министерот за резил и посрамотеност на државата пред очите на меѓународната јавност.
Од СДСМ предупредуваат дека, за разлика од условите за спортистите, имало пари за ПР и маркетинг, за што велат биле доделени средства на агенција блиска до ВМРО-ДПМНЕ. Одговорност бараат не само за Младинската олимпијада, туку и воопшто за случувањата во спортот, за кој сметаат дека е деградиран и целосно запоставен.
