Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Меѓусебната заштита на Коцевски со СДСМ и ДУИ е причината за 2% доверба во судството, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Меѓусебна заштита која ја гуши правдата во Македонија: Социјал-демократскиот сојуз ги штитат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓусебна заштита која ја гуши правдата во Македонија: Социјал-демократскиот сојуз ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Доколку падне Љупчо Коцевски, ќе се отворат врати за истраги против Филипче но и за останати функционери од СДСМ и ДУИ, тврдат од владејачката партија и поради тоа велат пратениците од опозицијата не гласале за интерпелацијата за републичкиот обвинител. Од таму уште еднаш го повикаа Коцевски да си поднесе оставка.

  • „На фолирањето на СДС му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па  СДС мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција. Сега е многу очигледно и зошто СДС држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос. Сите обиди за хаос и сценарија на СДС се изјаловија“ вели Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека на Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, каде ќе се постапува според законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси

Интепелацијата за републичкиот обвинител Коцевски ја поддржаа 71 пратеник, а опозицијата не гласаше. Власта го повикува да си поднесе оставка бидејќи изгласаната недоверба е силен институционален сигнал. Но, Коцевски нема да ја напушти функцијата, возврати дека политиката ќе им ја остави на политичарите а тој како што рече, со пркос ќе работи на големите предмети како за трагедијата во Кочани, Онкологија, криминалните пресметки и истрагата за струмичкиот бизнисмен Крмзов. Коцевски посочи дека законите не препознаваат интерпелација за функцијата државен обвинител, но дел од правниците посочија дека иако има формално правна независност во одлучувањето, според член 27 од Законот за јавно обвинителство, тој одговара пред Собранието, што значи дека постои механизам на отчетност.

Реклама

За републичкиот обвинител Владата отпочна постапка за разрешување пред повеќе од 4 месеци, но ја запре по трагичниот пожар во кочанското кабаре. Тогаш Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за негова промена.