Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ЈПДП: Завршена претквалификацијата за најподобен Изведувач за изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево

Европскиот патен коридор 8 е многу значаен регионален коридор бидејќи поврзува повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот патен коридор 8 е многу значаен регионален коридор бидејќи поврзува повеќе градови од исток кон запад во државава и повеќе држави во регионот. Токму затоа посветено работиме на изградба и модернизација на овој Коридор. Во таа насока, известуваме дека проектот за изградба на автопатска делница Букојчани–Кичево, дел од патниот Коридор 8, наскоро може да отпочне.

Имено, Јавното претпријатие за државни патишта, со средства обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, наскоро ќе ја отпочне изградбата на автопатската делница од Букојчани до Кичево во должина од околу 11,5 км.

-Со цел да се изврши избор на најподобен Изведувач за изградба на автопатската делница беше објавен тендер за претквалификација согласно со процедурите за набавки на ЕБОР.

Реклама

Процесот на претквалификација заврши и претквалификувани се девет фирми, кои добија покана за поднесување на понуди, со краен рок за доставување на понудите до 30.09.2025 година, по што ќе следи детална евалуација на доставените понуди и избор на најподобен Изведувач на градежните работи за изградба на автопатската делница.

Со изградбата на автопатската делница Букојчани-Кичево, како дел од Европскиот патен коридор 8 на ниво на автопат значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување, и ќе се зголемат можностите за економскиот развој.

Постоечката делница на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно – диманички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки.

Активностите, пак за автопатската делница од Гостивар до Букојчани се во тек, Бехтел и Енка веќе работат на изградбата, а засилена градежна активност има и на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, сите дел од Коридорот 8. Со ова ќе има целосно автопатско поврзување од главниот град Скопје до туристичкиот центар Охрид, информираат од претпријатието.