Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ наместо да сфатат дека проблемот е во нив, тие со навреди за сите кои ги напуштаат

СДСМ со навреди за сите кои ги напуштаат, наместо да сфатат дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ со навреди за сите кои ги напуштаат, наместо да сфатат дека проблемот е во нив. СДСМ уште еднаш покажа дека не трпи пораз, ниту вистина. Наместо да се запраша зошто сè повеќе луѓе ги напуштаат, тие продолжуваат со навреди и омаловажувања. Но, проблемот не е во оние кои си заминуваат, проблемот е во СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според ова, секој што не е со нив, тоа го прави поради „личен бенефит“. Што е навреда и потценување на народот. И е навреда за сите, освен за оние нивни 6 проценти поддржувачи.

Кога СДСМ зборува за „личен бенефит“, тоа не само што е лицемерно, туку е и навреда за здравиот разум. Зашто токму СДСМ е партијата што ги изгради најголемите механизми на личен интерес и политичка користољубивост:

Реклама

– партијата на Зоран Заев, кој ја претвори Владата во приватна фирма,
– на Венко Филипче, симболот на здравствени тендери со мирис на скандал,
– на Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ и Љупчо Николовски, архитекти на сервилна соработка со ДУИ,
– и на Спасовски, кој ја претвори полицијата во послушник на политичкиот криминал.

Сите тие служеа како извршители во секој грабеж и секоја уцена. Тие ја обезличија државата. Го урнаа правниот поредок. Ја деградираа демократијата.

А сега, навредуваат секој што не сака повеќе да биде дел од нивниот хаос.

Не постои поголем комплимент за некој човек од тоа СДСМ да го нападне. Затоа што ако СДСМ ве мрази, значи дека нешто вредите, потенцираат во соопштението.