Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

🎥 Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДСМ не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Услугата што ниту еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Услугата што ниту еден од СДСM не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски.

Фактот што ниту еден функционер од СДСM, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДСM со главниот обвинител Љупчо Коцевски, и зошто тие во Собрание се бореа да му дадат сламка за спас, преку не гласање на интерпелацијата за него.

Реклама

СДСM и ДУИ го штитат главниот обвинител Љупчо Коцевски, за тој да ги штити криминалите на Филипче, Заев и Али.

На милиони украдени од ЕСМ и РЕК, на стотици тендери во здравството, нема ниту еден случај на одговорност. Очигледно е сега, дека нема затоа што тие случаи водат до врвот на СДСM.

СДСM со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и покажа кој го постави, кој стои и кој го одржува во живот главниот обвинител Коцевски.

Се додека е Љупчо Коцевски главен обвинител, се до тогаш нема да има одговорност за криминалците од СДСM и ДУИ, зошто тие се штитат меѓусебно.

Љупчо Коцевски треба да има грам морал, и да ја прифати пораката од граѓаните и да си поднесе оставка. Со секој поминат ден, неговиот рејтинг не само што се намалува, туку го пробива дното.“