Реклама
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Поддршката на СДСМ и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани и потврдува дека трагедијата ја користеле за политички поени

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ и ДУИ повторно заедно. Иако во одредени моменти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСМ и ДУИ повторно заедно. Иако во одредени моменти се обидуваа да глумат раскарани, тие всушност биле во постојана комуникација и координација.

Тоа се виде и пред неколку дена во македонското Собрание, кога паднаа маските, а СДСМ и ДУИ здружно застанаа зад Љупчо Коцевски.

Реклама

Да, тоа е и истиот оној Коцевски, главен јавен обвинител од кого СДСМ и ДУИ, наводно, не беа задоволни.

За што испратија голем број соопштенија и одржаа прес-конференции во кои искажуваа незадоволство од водењето истраги и обвинуваа за селективност, посебно за истрагата за случајот Кочани.

И кога дојде ред во Собрание да му се изгласа недоверба на Коцевски, СДСМ и ДУИ му пуштија гума за спасување.

Негласањето на пратениците на СДСМ и ДУИ за интерпелацијата за Коцевски, ги фрла во вода сите нивни соопштенија и прес-конференции и ја потврдува тезата дека, за нив, Кочани било само тема за профитирање политички поени, медиумско внимание и нивно јавно појавување.

Глумењето незадоволство од истрагата, обвинувањата за селективност, хушкањето за трагедијата, очигледно не биле за правда.

После ова веќе нема да имаат кредибилитет јавно да прашуваат и да повикуваат на одговорност, зошто одговорите ги има Коцевски, кој по гласањето во Собрание, се виде дека е нивен.

Затоа и се држат за некако како за сламка за спас. Тие го спасуваат Коцевски и не гласаат за интерпелацијата против него, за тој да продолжи како и до сега, да ги спасува од кривична одговорност криминалците од СДСМ и ДУИ.

Сега на сите ни стана јасно, зошто и после година дена во опозиција ниту еден од СДСМ и ДУИ кои се огрешиле пред законите, и за дел од кои јавно објавивме и афери за сторени криминали и корупција, нема никакво обвинение или пак истрага.

Тие сè уште се на слобода, без никаква постапка против нив, а Коцевски сè уште седи на столчето главен јавен обвинител.

Со тоа само дополнително се потврдува тезата дека СДСМ и ДУИ се сламката за спас на Коцевски, а Коцевски е сламката за спас и заштита на криминалите на Филипче, Заев и секако Али.

Коцевски без легитимитет веќе не може да биде јавен обвинител, затоа го повикуваме, наместо да се однесува како ништо да не се случило и да шета по истражни центри низ државата, да си поднесе неотповиклива оставка.“