Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Зафировски: Во интерес на Институцијата и во интерес на граѓаните e Коцевски да се одважи и да си поднеси оставка

Тоа што власта го најавуваше во предизборието требаше со посериозни и порадикални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа што власта го најавуваше во предизборието требаше со посериозни и порадикални чекори да го направи многу порано, рече Зафировски.

-Собранието го направи онај потег кој можеби и порано требаше да се случи. Неколку пати во гостувањата токму во оваа емисија имам говорено дека третата, судската власт во Република Македонија ни е она слаба алка која ги кочи работите во развојот на Република Македонија и од тука сметам дека требаше она што власта го најавуваше и во предизборието, а и откако стапи на сцената да направи посериозни, порадикални чекори за разрешување на Советот на јавни обвинители и Републичкиот судски совет, смета тој.

Отпорот на оние кои правдата си ја крчмеа на свој начин беше многу голем и е се уште многу голем, вели поранешниот прв антикорупционер.

Реклама

-Министерпт Филков неколку пати најавуваше дека е подготвен нов Закон со кој се дефинираат нови правила околу изборот на членовите на Судскиот совет, околу Јавно обвинителскиот совет и дека по изграсувањето на тој Закон ќе се помине на избор на нови луѓе, но отпорот на оние кои правдата си ја крчмеа на свој начин беше многу голема и е се уште многу голем до степен да тоа да се повикуват на тоа дека тоа значело мешање во Судската власт, тоа значи дека се засега во една свера каде што тие се суверени во носењето своите одлукли и т.н. Што сметам дека е нечесно пред се пред македонскиот народ кој со децении наназад бара правда и бара една држава која ќе биде правична и праведна кон сите граѓани, вели вели Зафировски и додава:

„За жал, Републичкиот јавен обвинител ја пропушта и оваа шанса, упоирно си води своја политика. Меѓутоа, лично сметам дека тоа го прави под притисок на неговите мецени кои упорно настојуват да ја оддржат ова етаблирана на обвинителско-судска власт.“

Обвинителството е стожерот на Правдата, а првиот човек на Институцијата е всушност сликата на истата со која раководи, Коцевски треба да се одважи и да си замине од таа позиција, изјави Зафировски.

-Обинителството е всушност стожерот на Правдата во Македонија. Од обвинителството зависи дали нешто и некој ќе се суди или нема да се суди. Затоа, особено внимание треба да обрни околу изборот на на јавните обвинители и се разбира околу изборот на јано обвинителската власт на чело со Републички јавен обвинител. Неспорно е дека првиот човек е всушност сликата на Институцијата која ја раководи и треба да има доблест во интерес на Институцијата, во интерес на таа Институција која е многу значајна во општеството и во интерес на граѓаните да се одважи и да си замине од таа позиција која што ја вршел, вели универзитетскиот професор и безбедносен експерт Воислав Зафировски.

Целото гостување на Зафирувски можете да го погледнете во продолжение: