Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга, Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

Соопштение за јавност ВМРО-ДПМНЕ се излизга: Лефков фатен во обид да исфабрикува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ се излизга: Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

Нема дно до кое ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков нема да паднат во своите очајнички обиди за дефокус од нивната неспособност да се справат со пожарите.

Реклама

Денес, пред целата јавност, Лефков флагрантно излажa. Наместо факти, тој пласира лажна фотографија од сосема друг човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со Зоран Заев и СДСМ.

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков НЕ Е приведениот за подметнување пожар и се презива Барабановски.

Станува збор за класична политичка монтажа и опасна манипулација, во која Лефков намерно подметнува лажна информација за да создаде вина и да ја дефокусира јавноста од неспособноста и неуспехот на власта да се справи со реалните пожари и кризи.

Македонија за две години е лидер во најмногу изгорена површина по метар квадратен и ова е единствениот спас за ДПМНЕ од сопствениот дебакл.

Во нормална демократија, пратеник кој јавно изнесува лажни обвинувања врз основа на монтирани фотографии би си поднел оставка. Но не и Лефков. Тој продолжува да ја труе јавноста со лажни вести, дури и по цена на нарушување на истрагите и спинови на сметка на човечки животи.

Очекуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет за ширење лажни вести и загрозување на правната сигурност, а Лефков да се извини не само на семејството на човекот што го излажал, туку и на целата јавност.

СДСМ ќе поднесе и тужба за клевета и нарушување на углед.

Повикуваме и медиумите да бидат внимателни и да не дозволуваат да бидат злоупотребени како алатки за ширење лаги и монтирани конструкции на ВМРО-ДПМНЕ.

На крај, уште еднаш лагата има кратки нозе. Оваа евтина кампања се распадна за помалку од 24 часа.