Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Петрушевски: Не гласањето на СДСМ за интерпелација на Коцевски, дава одговор на прашањето зошто никој од СДСМ не е во затвор

Од вчерашното гласање на СДСМ во Собранието, каде не ја поддржаа интерпелацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вчерашното гласање на СДСМ во Собранието, каде не ја поддржаа интерпелацијата за главниот обвинител Љупчо Коцевски, се е јасно. СДСМ го штити Коцевски, а Коцевски за возврат го штити СДСМ и нивните кадри потонати до гуша во криминал за да не одговараат, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Посочи дека негласањето на СДСМ за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е одговор на прашањето, зошто никој од СДСМ не е во затвор, а има низа постапки.

-Сега е јасно и кој ја мати водата за Кочани. Истите тие кои претпладне правеа пресови за Кочани, сега сметаат дека Коцевски добро ја работел работата. Очигледно е кој свири, а кој игра во обвинителството. СДСМ силно удира на тапани, а Коцевски игра како ќе му кажат. Заради овој однос на СДСМ и начинот на кој ја киднапирале цела судска власт довербата во правосудството е помало од 2%. СДС гледа на нивниот обвинител Љупчо Коцевски како на последно упориште. Во тоа им се приклучува и ДУИ, кои заедно со Коцевски бараат спас за криминалот на Филипче, Заев и Али. Тоа е всушност и пораката од СДСМ до Коцевски, или е со штитот или на него, кој во периодот кој доаѓа ќе треба да извршува се повеќе насоки, истакна Петрушевски.

Реклама

Тој го повика Коцевски, како што рече, да покаже грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието, и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да си поднесе оставка.

Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДСМ и ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата.