Реклама
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Дали пироманите и некрофилите од СДСМ се радуваат на пожарите и мислат дека ќе помине паниката која ја прават во државата со фотографии од пожари во Шпанија

Пироманската и некрофилската СДСM сака да создаде некаква паника и хистерија помеѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пироманската и некрофилската СДСM сака да создаде некаква паника и хистерија помеѓу народот и дава се од себе да направи некаква слика дека Владата не се справува со пожарите, нешто во кое што никој не им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM, додаваат од партијата на Мицкоски, тоне во својата безидејност и немајќи како да докажат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се справува со пожарите, користат слики од пожари во Шпанија за да пробаат некако да си ја потврдат тезата.

„Во Бугарија има над 240 пожари, во Грција над 50, во Турција над 80, во Албанија над 40, во Косово на 10тина. Се евакуираат граѓани од местата каде што имаат пожари, се повикуваат ЕУ механизмите, надлежните институции и пожарникарите се 24 часа на терен и цел Балкан е на силен удар на високи температури и пожари кои уништуваат куќи, имоти, земјоделски површини. Во неколку од овие држави имаме дури и жртви.

Реклама

Од друга страна пак, во Македонија имаме 8 активни пожари, 7 под контрола и 36 изгаснати пожари. Тоа значи дека надлежните реагираат брзо и ефикасно. Тоа значи дека она што го говорат пироманите и некрофилите од СДСM, не е воопшто точно“, се истакнува во информацијата од партијата на власт.

Според нив, граѓаните знаат дека СДСM изминатите 7 години не успеа да се справи со пожарите, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите механизми кои се пристапни да ги изгаснат пожарите и успешно се справува.

„Прашањето е, дали СДСM со ова сака да го покрие сомнежот дека лица блиски до нив имаат некакво учество во подметнувањето на пожарите, кои за среќа веднаш се локализираат, ставаат под контрола и гасат.

Следен пат кога пироманите и некрофилите од СДСM ќе говорат за пожари и неуспеси, нека се обидат барем сликата да биде од Македонија“.