Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

🎥 Мицкоски: Остануваме Влада која ќе биде насочена кон реализација на проекти, реформи, која што гледа во иднината

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на свечено отворање на базен од затворен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на свечено отворање на базен од затворен тип во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

-Многу е важно сето она што е започнато да биде и завршено, да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време, колку тоа да ни се допаѓело или не допаѓало, пари се трошени од граѓаните и мора истото да се заврши за да може истото да биде ставено во функција, да може граѓаните да го користат.

Следат уште четири базени да бидат пуштени, од овој изведувач, да бидат во функција, изјави Муцкоски.

Реклама

Тој додаде дека остануваме Влада која ќе биде насочена кон реализација на проекти, реформи, и Влада која што гледа во иднината.

Базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 отсто.

Реализацијата на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.

По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото. Другите четири се во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.