Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Делегација на Армијата и Министерството за одбрана во официјална посета на САД

Делегација предводена од началникот на Генералштабот Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, придружуван од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација предводена од началникот на Генералштабот Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, придружуван од државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова од денес ќе престојува во повеќедневна oфицијална посета на сојузната држава Вермонт, Соединетите Американски Држави.

За време на посетата која се реализира во рамки на Програмата за партнерство на САД се предвидени повеќе средби со високи претставници од Националната гарда, воениот универзитет Норвич и државата Вермонт. Делегацијата ќе се сретне и со гувернерот на државата Вермонт, Фил Скот.

Главна цел на посетата е унапредување на стратешката одбранбена соработка, размена на искуства и планирање на заеднички обуки и активности

Реклама

Оваа активност претставува уште еден чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети и интероперативноста меѓу Армијата на Македонија и вооружените сили на САД, во духот на сојузништвото во НАТО