Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола

Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во  текот на изминатото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во  текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и  36 се изгаснати.

Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (општина Новаци) и крак кон границата со Грција (мешана шума); активен пожар има помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен во општина Прилеп и Галиште, Трстеник во општина Кавадарци (мешана шума и нискостеблеста вегетација); помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

Активни се и пожарите помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино (нискостеблеста и деградирана шума); во селото Нерав во општина Крива Паланка (висока борова шума); во кичевското село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица (борова шума).

Реклама

ЦУК извесува за седум пожари кои се под контрола: во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце во општините Старо Нагоричане и Куманово – со ширење кон селата Димонце и Коњух во општина Кратово (ниска вегетација); селата Средно и Долно Коњаре во општина Петровец (мешана шума); во истата општина под контрола е и пожарот во Катланово (ниска вегетација); село Грешница во Македонски Брод (мешана шума и сува трева) и село Латово, исто така во општина Македонски Брод  (ниска вегетација и деградирана шума); помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип (нискостеблеста шума, прнар и сува трева) и во село Јунузлија во општина Карбинци (шума).

Изгаснати се 36 пожари во села и локации во општините Шуто Оризари, Арачиново, Сарај, Зелениково, Битола, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Струмица, Василево, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Велес, Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Липково, Брвеница, Боговиње, Гостивар и  Врапчиште.