Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф

На СДСМ општините му служат како терен на кој нивните градоначалници изигруваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На СДСМ општините му служат како терен на кој нивните градоначалници изигруваат локални шерифи кои ја злоупотребуваат службата, прекршуваат закони, а одат до таму да тепаат и граѓани, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Класичен пример на ваков локален шериф е градоначалникот на СДСМ во Крива Паланка, Сашко Митовски. Митовски зад себе има неколку кривични пријави како за злоупотреба на службената должност, така и судска пресуда за тепање на свој сограѓанин. Првиот случај во кој Митовски ја злоупотребил службената положба е тој што како градоначалник, иако не требало, спротивно на Закон потпишал одобрение за градба како важечко и покрај тоа што ниту било извршено надзор, ниту пак контрола. Следен случај во кој Митовски го прекршил законот и ја злоупотребил службената положба и овластување е кога спротивно на законските норми се изготвило решение за поставување на урбана опрема, поднесена од правно лице, односно угостителски објект – кафуле, чиј сопственик и управител е токму неговиот брат, Милан Митовски. За овој случај, покрај за Митовски има кривична пријава за уште три други лица, кои, веројатно, по негова насока го одобриле барањето за поставување на урбана опрема, од кафулето во сопственост на неговиот брат. Дивеењето и шерифлукот на Митовски не завршува тука. Тој во видна алкохолизирана состојба физички нападна граѓанин и за тоа и судска пресуда. Од сето ова кое е резултат на шерифскиот однос на Митовски во Крива Паланка, во никој случај не може да смета како политички прогон. Кривичните пријави против Митовски се резултат на неговото дивеење и на прекршувањето на законите. Можеби функционерите на СДСМ се навикнати државата и општините да ги сметаат за нивни приватни бизниси во кои можат да прават што сакаат. Тоа време заврши и секој кој се огрешил ќе одговара. Наместо да се жалат и да глумат жртви на политички прогон, кој го нема, Митовски и на него сличните, прво да им се извинат на граѓаните за нивниот шерифски однос, па да почнат, во останатите неколку месеци од мандатот, да работат по закон и во интерес на граѓаните, наместо во сопствен, партиски или семеен интерес. Затоа што Митовски добро знае дека за многу брзо од денес, ќе ги загуби изборите, бидејќи на граѓаните на Крива Паланка им е доста од градоначалник кој ги тепа своите сограѓани и работи, исклучиво во сопствен или во интерес на неговата фамилија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните на Крива Паланка им е потребна промена, а таа промена, за неколку месеци од денес, ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ со својот кандидат кој ќе работи во интерес на градот и граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.