Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Лефков: Политиката на СДСM, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП

Политиката на СДСM, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиката на СДСM, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП. Заев и СДСM ја уништија дипломатијата и го урнисаа интегритетот на Македонија, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бојко Борисов, кого Заев го нарекуваше брат лично се фали како тој го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП.

Тоа е истиот оној Борисов на кого Пендаровски му носеше поздрав од Заев со пораката – Бојко љубави.

Реклама

Ова е резултат на политиката на Заев и СДСM, кој кажа работи кои ниту најголемите бугарски шовинисти не можеле ниту да ги замислат.

Заев, Филипче и СДСM се директно виновни за сите негирања од страна на Бугарија, затоа што за свој личен интерес продадоа се што можеа.

И сега Заев, Филипче и СДСM, заедно со бугарски печурки во Македонија се тргнати против јазикот и идентитетот, затоа пречка е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, и затоа и нападите нивни се големи, со лаги и манипулации“, изјави Лафков.

Едно треба да знаат дека ќе бидат поразени, затоа што се разголени и народот јасно гледа што прават, потенцира Лафков.