Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Активни пет пожари: Денес горело на 16 места ширум Македонија – ова се деталите

На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати. Пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово се гаси со еден Ер трактор, а како што посочија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), наскоро ќе му се приклучи уште еден.

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Потоа во Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума) во Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација), во Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов изјави дека пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово зафатил поголема површина на трска и поради ветрот се ширел кон селото, но веќе не претствува опасност благодарение на интервенцијата на пожарникарите од Ресен и на локалното насление кое им дава поддршка.

Реклама

-Пред малку започна да дејствува еден Ер трактор амфибија на ДЗС, а набргу ќе му се придружи и вториот. Ер тракторот ја пресече линијата на огнот и помага на силите кои што гасат од земја да воспоставт целосна контрола врз овој тежок пожар кој се закануваше кон неколку села, рече Ангелов кој е на пат кон местото на овој пожар.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с.Смолани, место Радобилски Рид, во Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин и во Општина Македонски Брод каде има пожари на четири локации и тоа с. Латово, м.в. Маркова Стапалка, потоа помеѓу с. Локвица и с. Крапа, кај с. Грешница и кај с. Латово.