Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Најавени температури до 43°C: До сабота пеколно жешко време, во недела поројни дождови

Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисоката измерена максимална температура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисоката измерена максимална температура беше 42°C во Велес, Демир Капија и Гевгелија, додека најниска беше на Попова Шапка – 26°C.

Во Скопје, Битола, Штип и Струмица се измерени 40°C, додека Кавадарци со 41°C влегува меѓу најжешките градови за денот.

Времето денес беше сончево и многу топло, со слаба до умерена облачност и променлив ветер кој не донесе никакво освежување.

Реклама

До крајот на денот ќе се задржи стабилно, сончево и топло време. Во текот на ноќта се очекува ведро небо со слаб променлив ветер.

Утре не се очекува олабавување на горештините. Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен, а на моменти и засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 23°C, а максималните од 37 до дури 43°C.

Во Скопје утре се очекува вистински топлотен удар – минимална температура од 21°C, а максимална до рекордни 43°C, придружена со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за наредните денови:

Во сабота продолжуваат пеколните температури, локално до 43°C. Од недела следува благ пад на температурите, а ќе се зголемат и условите за локални поројни дождови и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе мало освежување.

Метеоролозите апелираат до граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сонце, особено во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да внимаваат на своето здравје, особено хронично болните, постарите лица и децата.