Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Пензионерите ги лажеше и понижуваше СДСМ со покачувања по 59, 75 или 120 денари

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска: „Најголемата лага во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска:

„Најголемата лага во пензискиот систем не се случува денес – таа се случи токму во времето кога СДСМ ја имаше власта. Тогаш, над 270.000 пензионери беа сведени на статистика и буквално понижени со покачувања кои изнесуваа по 59, 75 или 120 денари. Тоа не беше зголемување – тоа беше навреда за сите оние кои го изградиле ова општество.

И додека денес СДСМ манипулира со бројки и проценти, вистината е една – токму таа партија испорача најниско и најнеправедно покачување на пензиите во историјата.

Реклама

Еве ја табелата што го потврдува тоа:

Датум на усогласување-Зголемување на пензија

31 март 2021-185 денари

30 септември 2021-138 денари

31 март 2022-185 денари

30 септември 2022-808 денари

31 март 2023-1.319 денари

Како што гледаме, во првите три усогласувања, СДСМ зголеми пензии за 138, 185 и 185 денари – што е срамно ниско и не ги покриваше ни основните трошоци за живот, ниту инфлацијата. За најсиромашните пензионери, ова беше навреда, а не политика на правичност.

И токму тие пензионери, денес добиваат 1.000 денари зголемување, социјално праведно и рамноправно, благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И тоа е само првиот чекор – со новата методологија, до март 2026, пензиите ќе пораснат вкупно за 7.000 денари. Тоа е недвосмислено најголемото зголемување досега.

Почитувани,

Додека СДСМ зборуваше за правда, ја уништуваше една од најважните категории во општеството пензионерите. Денес кога таа неправда се исправува, кога секој пензионер без оглед на висината на пензијата добива вистинска поддршка, се обидуваат да го извртуваат фактот.“