Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: На СДСМ и Тренчевска им смета зголемувањето на пензиите од 7000 денари за 18 месеци

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конфренцијата на членто на СДСМ, Јованка Тренчевска. „На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конфренцијата на членто на СДСМ, Јованка Тренчевска.

„На СДСМ и Јованка Тренчевска, како поранешна министерка за труд и социјална политика, им смета растот на пензиите на сите пензионери.

Откако за седум години власт СДСМ и Тренчевска пензионерите ги донесоа на раб на егзистенција, сега се против тие да го добијат заслуженото.

Реклама

Уште се свежи сеќавањата како пензионерите низ цела држава протестираа со празни тегли, покажувајќи му на владата на СДСМ дека пензиите кои таа им ги дава не им стигаат, дури ни за зимница да си направат, а не пак да купат готова.

СДСМ и Тренчевска може да се противат колку сакаат, пензионерите со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат заслуженото кое им беше ускратено изминатите седум години.

Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и прави се тие достоинствено да живеат во нивната трета доба.

За таа цел, само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари.

За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари.

СДСМ сега нега седи и нека гледа како растат пензиите.

Разликата е огромна. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци пензиите се зголемија за седум илјади денари, додека со СДСМ на власт пензиите пораснаа за 0 денари.“