Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

🎥 Ангелов: Проблемот со противпожарните „Пинц гауери“ е во ламелите кои страдаат поради недоволната обученост на дел од возачите

Проблемот со ламелите кај „Пинц гауерите“ не  е тајна, тоа јас јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот со ламелите кај „Пинц гауерите“ не  е тајна, тоа јас јавно го кажувам кај вас во емисија, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во вчерашното издание на „За или против“ со Љупчо Цветановски.

Инаку, возилата се доведени од една лоша во одлична состојба, вели Ангелов, кој посочува дека сега ги предупредуваат возачите да внимаваат при управувањето затоа што ова се теренски возила кои не секој знае професионално да ги управува.

-Ги предупредуваме возачите да внимаваат, да користат редуктори, односно да го користат овој дел од менувачот, што дел од нив не го прават и сега, да не ги замарам граѓаните – не сите знаат за што овде се работи, но условно кажано, возилото има една нормална бризна и една „спора“ брзина која се користи за лош и стрмен терен во која има поголема моќ, но помала брзина на движење и треба само да се вклучи тој редуктор (рачка) и така да се вози, нема некоја голема филозофија во ова. Тогаш, возилото има многу голема моќ, но помала брзина која и не е потребна на таков терен, објаснува Ангелов од искуство при управување со овие возила во специјалните полициски едници како „Лавови“ и „Тигри“ чиј дел беше поранешниот полициски генерал.

Реклама

Во досегашниот дел од нивната употреба, овие теренски противпожарни возила имале огромен учинок во гаснењето на пожарите на терен непристапен за обичните ПП возила, со што нивната пренамена се покажала како полн погодок. Битен е и фактот, што нивната пренамена од воени и полициски во ПП возила не ја чинеше Македонија како држава ниту денар, се’ е донација ан општествено одговорни фирми кои патриотски ги донираа овие средства за добробитта на граѓаните и државата.