Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји.

– Граничниот премин помеѓу Република Косово и Македонија е означен како „Стразимир“. Овој премин е од категорија Ц“, соопшти косовската полиција.

Се додава дека преминот е отворен за културни, научни, професионални, спортски или туристички активности и настани.

Реклама

– Граничниот премин определен со оваа одлука е привремен граничен премин, отворен за патен сообраќај од 25.07.2025 до 25.09.2025 година, помеѓу 08:00 и 20:00 часот, посочуваат од косовската полиција.

Инаку, преминот е лоциран во местото Луково Поле, на тромеѓето Македонија-Албанија-Косово, поточно на заедничката гранична линија помеѓу Македонија и Република Косово.

Како привремен, овој премин официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фреквенцијата беше минимална, по што беше целосно затворен.

Со залагање, на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, преминот, кој е на територијата на оваа општина, во летниот период е отворен за патници и возила од 2018 година.

За преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно документ за идентификација, пасош или лична карта.

Од косовска страна изграден е нов асфалтен пат, додека од македонска најавено е отпочнување на изградба.