Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Јанев во посега на ГП Дојран: Зголемена брзината на премин, времето на чекање намалено на половина

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес беше во работна посета на Граничниот премин Стар Дојран каде пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница.

-Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Посебно горд сум што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниту една точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно, ниту на вода, потенцираше директорот Јанев при посетата.

Посетата беше и прилика директорот да изврши увид врз донираната техничка опрема и возила од страна на Сојузната германска полиција и потенцираше дека таквата поддршка ни значи многу.

Реклама

„Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата Гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред: патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот!“, подвлече директорот Јанев.

Јанев на крај изрази сигурност дека македонската полиција ќе продолжи да ја чува својата граница, со чест, со знаење и со сојузници!