Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Средба Герапетритис – Муцунски во Атина

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски.

Шефот на дипломатијата е во прва работна посета на Атина, а напладне ќе биде примен од неговиот грчки колега, по што во 14 часот по локално време двајцата министри ќе имаат изјави за медиумите.

– Во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување. Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во пресрет на средбата.

Реклама

Високи грчки дипломатски извори посочија дека станува збор за навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски имаат развиено „исклучително функционални односи“, дека имаат редовна комуникација и во обид, како што рекоа, да ги ограничат потенцијалните тензии по изборите кај нас.

Додадоа дека за Атина, Скопје е клучен сојузник и директен и важен сосед, но и дека Грција е силен поддржувач на нашата земја, објаснувајќи дека тоа го покажа и во пракса и на ниво на цивилна заштита со пожарите, на и по трагедијата во Кочани, а поддршката ќе продолжи и во иднина.

Герапетритис и Муцунски во Грција се сретнаа и на почетокот на април годинава на маргините на Економскиот форум во Делфи.