Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Заменик-министерот Ристески ги посети Берово и Пехчево

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ги посети општините Берово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ги посети општините Берово и Пехчево каде оствари повеќе средби.

Во Берово заменик-министерот Ристески ја посети Канцеларијата на Агенцијата за вработување и оствари средба со вработените, на која дискутираа за нивната работа и активности. На средбата вработените посочија дека има интерес за мерките од Оперативниот план за 2025 година, каде досега завршија јавните повици за мерките самовработување (претприемништво) и Вработување и раст на правни субјекти.

Во рамки на посетата на Берово, Ристески оствари средба и со стопанственици од регионот, каде разговараа за дел од мерките од оперативниот план наменети за развој на стопанството, како и мерките од Програмите за работа на министерството за економија и труд. Во моментов активни се два јавни повици од министерството за економија и труд, во рамки на Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност.

Реклама

Првиот јавен повик е за поддршка на лаборатории со кој се предвидува надоместување на дел од трошоците за акредитирање на лаборатории или проширување на опсегот за акредитирање на постоечките лаборатории, како и за набавка на нова опрема за пуштање во промет на квалитетни и безбедни производи.

Вториот е Јавниот повик за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти, каде е предвидена финансиска поддршка до 200.000 денари за деловни субјекти кои се стекнале со сертификат, се ресертифицирале или поднеле извештај за менаџмент системи за општествена одговорност во текот на 2024 и 2025 година според високи меѓународно признаени стандарди.

Во Пехчево, заменик-министерот Ристески, директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова остварија работна средба со градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

На средбата се дискутираше за соработката на институциите од централната власт со локалната самоуправа, како и за капиталните проекти кои ќе се реализираат во општината со средства од централната власт. Во Пехчево ќе се реализираат два капитални инфраструктурни проекти, и тоа проектот за реконструкција и рехабилитација на локален пат с. Робово до с. Умлена, како и проектот за изградба на водоводен цевковод во туристичката населба Равна Река.