Реклама
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Амбасадор на бугарските интереси и пари во Македонија е СДСM и Венко Филипче

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Структури на СДСМ поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Структури на СДСМ поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има за цел негирање се што е македонско. Или едноставно, амбасадорот на бугарските интереси и пари во Македонија е СДСМ, и Венко Филипче.

Јасно е дека на официјална Софија и смета се што застанува во заштита на македонските вредности и државните интереси во Македонија.

Реклама

Јасно е зошто се нападите врз ВМРО-ДПМНЕ, и пред се, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, бидејќи тој е предводник на политиката за заштита на интересите на Македонија и секој еден граѓанин.

Но, тешко е да се поверува што структури од опозициската СДСМ поддржуваат ваква антимакедонска пропаганда од Бугарија.

Воедно срамно е однесувањето на овие структури од СДСМ кои ги поддржуваат ваквите активности од Бугарија, а притоа имаат една и единствена цел заштита на лични бизнис интереси.

Бугарите со пропагандата имаат јасна цел и за истата во игра се многу пари, но срамно е однесувањето на структурите во СДСМ предводени од Венко Филипче што се вклучуваат во ова.

Јасно укажуваме, секој еден граѓанин ги има прочитано внатрешните структури кои се вклучуваат во ваква антимакедонска пропаганда. Секој еден граѓанин знае кој се грижи за нивниот интерес и интересите на Македонија. СДСМ очигледно нема намера да се вклучи во заштита на интересите на Македонија, туку ги распродава истите.“