Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Ако логиката на Шукова, ,,Скопје заслужува да дише“ е како ,,ајро ајро“ на Заев, Скопје диполнително ќе потоне

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Каја Шукова: „Ако логиката на Шукова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Каја Шукова:

„Ако логиката на Шукова ,,Скопје заслужува да дише“ е како таа на Заев ,,ајро ајро“ што ја викаше на партиски митинг во Аеродром, тогаш подобро да ги поштеди граѓаните и да не им го троши времето со изјави за кои сите знаат дека се невистинити.

Со своите амбициозни планови да го обновува јавниот превоз, па да ги решава проблемите со урбанистичкиот хаос, или Скопје заслужува за дише останува да ја прашаме.

Реклама

Каде беше кога имаше можност и беше во позиција да влијае на овие области?

Каде беше кога беше министерка за животна средина?

А, сега наеднаш, за Шукова и СДСМ градот е над политиката, притоа успеа да ја исполитизира целата тема.

За СДСМ ништо не е над нивниот интерес. Ниту Скопје, ниту здравјето на граѓаните, ниту животната средина.“