Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Милев: Владата се грижи за сите млади, подеднакво, мерката 250 евра ваучер за електронски уред е за сите студенти и на државните и на приватните универзитети

Филип Милев, претседател на УМС – Неготино, беше дел од трибината ,,Како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филип Милев, претседател на УМС – Неготино, беше дел од трибината ,,Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“. Милев се осврна на реконструкцијата на студентските домови од страна на Владата, и напомена дека се работи на цела територија на Македонија, а не само во главниот град. Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите, со цел да им обезбеди подобри услови, особено во текот на нивното студирање, а во контекст на ова дополни и дека сите студенти, без разлика дали студираат на државен или приватен универзитет ќе бидат опфатени со мерката за 250 евра ваучер за електронски уред.

– Сега немаме празни зборови, и тоа може да го прогледаме низ чекорите кои ги презема сегашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тука можеме да ги напоменеме, предвиденото комплетно реконструирање на студентски домови низ цела држава. Тоа се нешто над 18 милиони евра за комплетна реконструкција за државен студентски дом ,,Стив Наумов“, државен дом ,,Кузман Јосифовски Питу“, кое буквално беше едно празно ветување на претходната влада, не успеа за седум години буквално да закова една шајка, кажа Милев.

Според него, Владата успеа за една година да постигне големи резултати во овој дел, а веќе следната година ќе се очекува студентските домови да ги отворат вратите за првите студенти по реконструкциите.

Реклама

– Веќе следната академска година да дочекаме да тие да бидат отворени и да ги примат првите студенти. Тоа значи комплетно два нови студентски домови, комплетно реновирани со европски стандарди и европски услови. Тоа е нешто што државата може да му го понуди на студентот кој стварно сака да студира тука, да се гради и да се развива тука, истакна Милев.

Милев додаде дека реконструкцијата нема да се одвива само во студентски домови во главниот град, туку и во другите градови, бидејќи се работи на подобрување на стандардите за млади на територија на целата држава подеднакво.

– Младите треба да се развиваат низ цела држава, а не само во Скопје. Тука се и Штип, како после Скопје може да го наречеме голем универзитетски град, како и Битола. Има предвидено изградба на нов медицински универзитет во Штип, исто во склоп на тоа Е предвиден и студентски дом, со тоа што гледаме дека некој стварно се грижи за младите, и некој стварно работи за младите на територија на цела Македонија, рече Милев.

Милев се осврна и на ваучерите кои Владата ги наменува за млади до 29 години, без разлика дали тоа се студенти на државните или приватните универзитети во земјава.

– Треба да се донеси некаде во октомври месец да почне со реализација и со користење на младите. Тоа е 250 евра ваучер за секој студент до 29 години. Предвидено е како ваучер за технолошко помагало, таблет или лаптоп, кои мислам дека и те како ќе придонесат за дополнително едуцирање на студентите и полесен пристап на информации, заклучи Милев.