Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Димовски и уште двајца граѓански судии го спорат изборот на Судски пред Врховниот суд

Судскиот Совет ја поткопува довербата кај судиите за начинот на нивно оценување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот Совет ја поткопува довербата кај судиите за начинот на нивно оценување, смета одбраната на судијата Андреј Димовски кој го спори изборот за унапредување во повисок суд. Димовски смета дека му е нанесена штета со тоа што Судски не го бодувале за 2019 година кога бил делегиран во Европскиот суд за човекови права. Од Жалбениот совет при Врховниот суд бараат да го поништи изборот на Судски за унапредувањето на судиите од граѓанска област и да има повторно оценување.

Одбраната ја спори и Комисијата која одлучувала и ги оценувала сите кандидати за да бидат унапредени во Апелација, бидејќи не заседавала во полн состав односно потпишани на оценувањето биле двајца наместо тројца членови.

Врховниот суд доцна попладнево соопшти дека жалбата на Димовски ја отфрла како неоснована.

Реклама

Советот за жалба при Врховниот суд, кој одлучува по жалба на кандидат кој не е избран за судија, денес на 17 јули 2025 годинa по одржаната јавна седница, донесе решение УССЖИ-4/25, со кое жалбата на кандидатот м-р Андреј Димовски, судија на Основен граѓански суд Скопје, изјавена против Одлуките на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09–1433/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1434/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1435/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1436/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1441/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1442/1 од 05.06.2025 година, се одбива како неоснована, соопштија од судот.

Освен судијата Димовски, изброот го спорат уште двајца судии односно Илир Исени и Мирослав Ѓорѓиев кои исто така се од граѓанската област.

Во продолжение изјавата на Драган Лазаров – адвокат на Димовски:

https://alfa.mk/upraven-ne-odluchuvashe-po-tuzhbata-na-sudijata-dimovski-odbranata-ke-se-zhali-i-najavuva-krivichna/