Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Секој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп

Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало. Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети во Македонија до наполнети 29 години ќе добијат ваучер од 250 евра (15 300 денари) за набавка на техничка опрема обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп пренослив компјутер. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува изборните ветувања а со овој конкретен проект се обезбедуваат еднакви шанси за секој млад човек. Сите млади ќе имаат еднаков пристап до модерно образование, истакнуваат ов ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со континуирана поддршка, мерки и проекти со цел задржување на младите и студентите во сопствената држава, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.