Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

За еден ден, оваа влада направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат

Соопштение на коалцијата ВЛЕН: „Во еден единствен ден, вчера Владата во која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалцијата ВЛЕН:

„Во еден единствен ден, вчера Владата во која ВЛЕН е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат.

Овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот.

Реклама

Ние сме во Влада за да покажеме конкретни резултати за Албанците во Македонија.

Вчера беа донесени следните одлуки:

1. Закон за средни училишта на верските заедници.
За прв пат исламското средно училиште, Медресето “Иса Беу” Скопје добива јасен правен статус, чекор што ДУИ го ветуваше, но никогаш не го оствари.

2. Нов Закон за игрите на среќа
Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе. Оваа мерка штити млади животи и семејни буџети од зависност, тема на која ДУИ молчеше со години.

3. 205 милиони евра за здравствена инфраструктура, каде е предвидено и:
Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово
Градба на нова болница во Кичево
Инвестиции што ќе обезбедат достоинствено лекување таму каде што живее мнозинството албанско население.

4. 110,5 милиони денари за нов водовод во Љуботен и Љубанци (Општина Бутел)
Долгоочекуваното решение за чиста вода во предел каде што живеат многу албански семејства конечно станува реалност, наместо политичка флоскула.

5. Санација на спортски терени во сите населени места
Создаваме здрави услови за младите, мотивирајќи ги да изберат спорт, а не пороци, нешто што децении беше оставено во запуштеност.

ВЛЕН вети работа, донесе резултати. За еден ден постигнавме повеќе конкретни добивки за Албанците отколку што ДУИ испорача за цел мандат. ВЛЕН ќе продолжи со истото темпо: реални промени, видливи за секое семејство, во секое населено место.“