Големиот пожар кај дојранското село Николиќ е конечно ставен под контрола. По две дена борба, на тешко достапен терен, на кој дури морало да се пробијат привремени патишта, надлежните институции со помош на граѓаните, механизација и двата канадери успеаја да ја стават огнената стихија под контрола. Пожарот не е скроз изгаснат, и затоа екипите остануваат на терен и внимаваат тој повторно да не букне.