Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, а средствата се обезбедени исклучиво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, а средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани и компании кои континуирано ја поддржуваат иницијативата

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата е формализирана преку договор со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Донацијата вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини.

Реклама

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, а средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани и компании кои континуирано ја поддржуваат иницијативата.

Материјалите се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснувањето на рани, како и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки изгореници. Нутритивната поддршка ќе помогне во зајакнување на организмот за време на процесот на рехабилитација.

Тимот на „Сапорт Кочани“ ја посети Клиниката, каде лично им изрази поддршка на пациентите кои сè уште се хоспитализирани, посакувајќи им брзо закрепнување.

„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува значаен чекор во обезбедувањето стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна,“ велат од иницијативата.

Од „Сапорт Кочани“ нагласуваат дека остануваат посветени на транспарентност, институционално партнерство и долгорочна грижа за сите погодени од трагичниот настан.