Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Прв пат затвор за убиство на животно – Љубе Крстевски осуден на три месеци за убиство на кучето Феликс

За првпат во Македонија Кривичниот суд донесе историска пресуда – казна затвор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За првпат во Македонија Кривичниот суд донесе историска пресуда – казна затвор за убиство на животно. Љубе Крстевски доби три месеци ефективна казна затвор, а второобвинетиот Бранко Билбиловски парична казна од 1.000 евра за убиството на кучето Феликс.

Инцидентот се случи на 19 ноември 2024 година. Љубе Крстевски, со стап, крвнички го удирал кучето по глава, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Потоа заедно со Билбиловски, го врзале Феликс со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво. Кучето беше најдено од активисти и однесено на лекување во „Лајка“, каде по сите напори не успеаја да го спасат.

Случајот предизвика бура реакции во јавноста, но и протести. Здруженијата за заштита на животните ја поздравија пресудата како значаен чекор напред, но нагласија дека ова треба да биде само почеток на построга борба против насилството врз животните.