Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Розалија Ангелковска од СДСМ
„Кога станува збор за партизација на институциите, СДСМ прво нека се погледне себеси.
Кога сме кај партизација на образованието, внимателно да се погледне оваа снимка на партиски собир на СДСМ во основно училиште во Банско.

СДСМ ги претвори училишните клупи во место за партиска пропаганда.
Наследството во образованието што го оставија СДСМ и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците беа оставени без учебници, наставниот и стручниот персонал беа без достоинствени примања, а образовната инфраструктура беше запоставена.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите за над 12 проценти, се градат факултетски објекти и има зголемени стипендии. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието.“
Во прилог видео од партиски настан на СДСМ одржан во основно училиште во Струмица.
