Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Поднесено обвинение против две лица за напад врз новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица кои се товарат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата “Индира Ганди” во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во нивните службени дејствија, односно да известуваат за настанатиот пожар на отпадот во Визбегово.

Новинарот и снимателот, со телевизиски беџови, пристигнале на локацијата за да снимаат прилог, но двајцата обвинети најпрво им кажале дека немаат дозвола за снимање затоа што отпадот бил приватен имот на кој тие се сопственици. Кога телевизиската екипа сепак продолжила со вршење на нивната службена дејност, најпрво жената физички го нападнала снимателот, го удрила со нога и со бокс, го фатила за врат и ја превртела и ја оштетила камерата. Новинарот застанал меѓу нив за да го заштити снимателот и опремата и започнал да снима со мобилен телефон.

Реклама

Обвинетата го удрила и него со нога, му го удрила телефонот кој паднал на земја и му го одзела. Во тој момент пристапил и обвинетиот со закани и навреди, па на новинарот му удрил шлаканица и го избркал од местото.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Во исто време, продолжува и предистражната постапка во однос на настанатиот пожар на отпадот и последиците од него. Надлежниот јавен обвинител и вчера вршеше увид на лице место на локацијата која е обезбедена. До Основното јавно обвинителство Скопје се доставени и резултатите од мерењата на токсичните материи во воздухот во Скопје непосредно по пожарот што по барање на надлежниот јавен обвинител ги изврши специјален тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ. Тие резултати се анализираат, а во меѓувреме се преземаат и други дејствија со цел да се испитаат сите сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи.