Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Меџити: Животната средина е клучна за здравјето и благосостојбата на граѓаните

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денеска одржа работна средба со шефот на Светската здравствена организација во Македонија, д-р Аким Али, и координаторката на процесот, Симона Атанасова, на која беше претставена финалната верзија на Стратегијата за соработка за периодот 2026–2030 година.

Стратегијата претставува клучна рамка за заедничка работа меѓу СЗО и државните институции во следните пет години, со јасен фокус на јавното здравје, климатските промени и квалитетот на животната средина. Новата Стратегија е усогласена со националните здравствени приоритети, Целите за одржлив развој и процесот на пристапување во Европската Унија.

Министерот Меџити порача дека интеграцијата на здравјето и екологијата не е само потреба, туку обврска кон идните генерации.

Реклама

– Грижата за животната средина е директна грижа за здравјето на нашите граѓани. Затоа, Министерството ќе продолжи да биде двигател на политики што го подобруваат квалитетот на воздухот, чистата вода, климатската адаптација и одржливото урбано планирање – како клучни предуслови за подобро здравје и благосостојба. Оваа стратегија ја потврдува нашата заложба да делуваме навремено, одговорно и системски, изјави министерот Меџити.

Документот ги препознава силните врски меѓу животната средина и здравјето – со посебен фокус на квалитетот на воздухот, безбедната вода за пиење, управувањето со опасен отпад, одржливото урбано планирање и севкупното намалување на изложеноста на граѓаните на еколошки и климатски ризици, како предуслови за подобра здравствена состојба на населението и намалување на здравствените ризици предизвикани од животната средина.

Во изработката на Стратегијата учествуваа над 150 претставници од институции, граѓански организации, младински групи и развојни партнери, а Министерството за животна средина одигра клучна улога во вклучувањето на еколошките аспекти како суштинска компонента на јавното здравје и одржливиот развој.

Следниот чекор е заедничко потпишување на Стратегијата на меѓуресорски состанок во есен 2025 година, со учество на премиерот, министерот за здравство, регионалниот директор на СЗО и други високи претставници.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува цврст партнер во унапредувањето на јавното здравје и заштитата на животната средина – со јасна цел: да создадеме почиста, поздрава и поодржлива држава за сите наши граѓани.