Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе се случи дури во 2027 година, станува сè поголем и посрамен. Тендерската документација покажува дека таа е полна со услови кои отвораат сериозен сомнеж дека тендерот е однапред наместен за одредена компанија. Тендерот очигледно е уште еден механизам за Владата да си избере „своја“ маркетинг агенција преку која ќе се одвива и финансира претстојната изборна кампања, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа прашува дали затоа, уште сега, две години пред настанот во Белград, се избира агенција и се потпишува договор? Дали затоа се брза со оваа набавка и се трошат милиони на граѓаните, кога приоритети во државата има многу, а пари за нив нема? Дали ова е уште една шема на ВМРО-ДПМНЕ за со јавни пари да си обезбеди медиумски простор, билборди, реклами и инфраструктура за изборната кампања во октомври?

Според неа, ова е уште еден доказ дека власта ја гледа државната каса како партиска своина, а јавните набавки како начин да си ги плати своите политички потреби.

Реклама

„Ги прашуваме јавно:

 – Зошто две години пред настанот се бира агенција и се потпишува договор?

 – Колку пари ќе завршат за вистински промоционални активности за настанот, колку во џебовите на ВМРО-ДПМНЕ, колку ќе се потрошат за изборната кампања во октомври?

Уште утре ќе излеземе со целосна анализа на тендерската документација и ќе ги изложиме сите сомнителни услови со кои е наместен овој тендер за „своја“ агенција. Ова е уште еден пример за ароганцијата и безобразието на оваа власт – додека граѓаните едвај преживувате, тие веќе се подготвуваат со народните пари да си ја финансираат својата кампања. За секој денар потрошен за оваа срамна манипулација ќе бараме одговорност, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека тендерите во четири очи се синоним за СДСМ.

„Оние кои државата ја испокрадоа и градат облакодери по Дубаи, се дрзнаа да говорат за тендери.Целиот мандат им помина во местење на тендери, правење на анекси и класифицирани договори, на Филипче, Заев и Груби.Модуларната болница се случи поради криминал, трагедијата кај Ласкарци се случи поради корупција, Лотарија ја украдоа поради криминал, коли им купуваат фирми кои добиваат тендери.И Македонија и Европа знае со какви луѓе си имаа работа. Луѓе кои ја распродадоа државата, ја украдоа и ставија пред банкрот и кои ја клекнаа на колена пред европските држави“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.