Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Наместо да критикува, СДСM треба да сфати дека ова се последиците од нивното владеење, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со предизвиците

Секој предизвик за државата, за СДСM претставува можност за евтин политички напад.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој предизвик за државата, за СДСM претставува можност за евтин политички напад. Наместо конструктивност и поддршка, сведоци сме на обиди за собирање ситни политички поени, дури и во моменти кога државата се справува со сериозни кризи, како што се неодамнешните пожари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат индиции дека дел од пожарите кои избувнаа во изминатиот период се подметнати од лица блиски до поранешната власт на СДСM и ДУИ. Надлежните институции веќе преземаат конкретни мерки по ова прашање.

И покрај ваквите предизвици, службите за заштита и спасување работат со полна пареа. Во моментот активни се само 4 пожари, додека останатите се целосно изгаснати или ставени под контрола.

Реклама

Разликата е очигледна. За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае како да се справи со вакви состојби. За разлика од претходното владеење, кога авионите беа неисправни, опремата недоволна, а возилата дотраени, денес имаме значително подобрена инфраструктура: хеликоптери и авиони ставени во функција, нова и функционална опрема и обучен кадар подготвен за секој предизвик.

Наместо да критикуваат неосновано, време е СДСM да прифати одговорност за годините во кои не презема ништо за подобрување на системот за заштита од пожари. Денес, благодарение на новото раководство, државата е подготвена и безбедна“, соопшти ВРМРО-ДПМНЕ.