Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

🎥 Потврдена најголемата инвестиција од една милијарда евра во енергетиката на „Казанџи груп“

Една милијарда евра инвестиции во енергетиката. Турски „Казанџи груп“ и официјално влегува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една милијарда евра инвестиции во енергетиката. Турски „Казанџи груп“ и официјално влегува во Македонија. Владата вчера го официјализираше меморандумот со турскиот холдинг – потврди премиерот Мицкоски. „Казанџи груп“ која со своите енергетски компании работи под брендот „АКСА“ сака во земјава да гради гасни централи. Тој потенцираше дека планот е турскиот холдинг да инвестира една милијарда евра во изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративни централи. Овие инвестиции , според премиерот, се единствено решение за справување со проблемот со загадениот воздух.

„По завршувањето на одморите, треба да седнеме и да ги дефинираме приоритетите. Јас лично ќе се ангажирам таа работа да биде брзо тргне во процес на реализација, затоа што за една таква активност што ја почнавме минатата година, а тоа е инвестицијата на Алказар Енерџи, со Господ напред, на 16-ти следната недела ставаме камен темелник“ – рече Мицкоски.

Утре ќе се промовира и проширувањето на инвестицијата на турската компанија „Чагатај Кабло“ која работи во зоната Бунарџик. Со новата фабрика, компанијата планира да воведе најсовремена технологија и методи за производство, со што планира да ја зајакне својата позиција на пазарот и ќе ги задоволи зголемените барања на своите клиенти.

Реклама

„Имаме процес инвестициски, во периодот кој што ќе следи новата инвестиција ќе биде утре. Тоа е турската компанија „Чагатај кабло“ која што веќе функционира но тие ќе најават проширување. Дополнителна инвестиција од 6 милиони евра , за нови 200 вработувања. Ќе направат нов погон во кој што ќе го прошират својот произведен асортиман“ – изјави денеска премиерот Мицкоски

Премиерот ја потенцираше и инвестицијата за изградба на ветерениот парк од речиси половина милијарда евра на „Алказар Енерџи“ што ќе се гради во реонот на Карбинци, Штип и Радовиш. Тој рече дека ова вложување ќе се реализира без специјални закони, загарантирани откупи, а од друга страна, државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да значи учество од 20 отсто во вкупното производство на струја. Токму оваа крупна инвестиција, беше првата што Владата ја најави уште во првата недела од својот мандат минатата година.

Вчера стартуваше изградбата и на најголемиот капитален проект во последнава деценија – гасниот интерконектор со Грција. Проектот чини 60 милиони евра, финансиската конструкција е заокружена преку заеми и грантови од ЕУ, ЕБОР и ЕИБ, а изведувач е домашната компанија „Рапид Билд“. Тој  и официјално треба да биде пуштен во употреба во 2027-мата година.