Реклама
Македонија

Коленичењето е одлика на СДСM, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Колиничењето пред коалициските партнери е одлика на СДСM. Цела македонска јавност беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колиничењето пред коалициските партнери е одлика на СДСM. Цела македонска јавност беше сведок како СДСM коленичеше и збор не изустуваше за криминалот на ДУИ. Од страв да не им падне власта гледаа и ќутеа како Артан Груби со неговата дружина играа фудбал и кошарка по државните институции.

Го гледаа милионскиот криминалот на Груби и неговиот прв другар Прпарим Бајрами во Државна лотарија, а главата ја вртеа на другата старана, оставајќи ги да пљачкосуваат. Така да, кога СДСM зборува за коленичење, очигледно мисли на себе.

Сега, односот на ВМРО-ДПМНЕ со владините коалициони се заснова на партнерски однос со меѓусебно почитување. Во однос на наводните дивоградби за Чаир, СДСM ако има докази нека ги пријави во надлежните институции. Ама знаат од СДСM дека се е транспарентно и согласно закон, па затоа држат само празни прес-конференции без никаква суштина и издржани аргументи.