Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Стојкоски: Цените во малопродажба благо растат, во големопродажба се враќаат на старо

Државниот пазарен инспекторат изминатиов период со полни раце работа.  За осум месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат изминатиов период со полни раце работа.  За осум месеци инспекторите извршиле повеќе од 17.350 надзори, од кои 4.540 субјекти добиле прекршочни платни налози во вредност од околу 110 милиони денари. Главниот фокус на работата на инспекторите во последните три месеци во биле угостителските објекти.. од ДПИ велат дека од од 17-ти март до 15 јуни евидентирани се 1.713 надзори од кои 716 субјекти добиле прекршочни платни налози и 60 решенија за привремена забрана за работа. Најголем дел од прекршоците биле за немање на лиценци за работа.

 Во однос на цените на пазарите и таму се прават засилени контроли, директорот на ДПИ, вели дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките.

“Има умерено зголемување на цените на пазарите во малопродажба. Кај производите со најголем обрт зголемувањето се движи од 3 до 5%, додека кај производите за лична хигиена, бебешка храна и пелени цените се зголемени за 10 до 20%. Од друга страна, кај зеленчукот и овошјето има значителни намалувања, дури од 20 до 100%” – изјави Стојкоски.

Реклама

Анализата на ДПИ, направена пред десетина дена, е веќе доставена до Министерството за економија и труд. Таа е изработена врз основа на контроли спроведени кај над 100 субјекти и над 1.000 продажни места низ државата.

Од инспекторатот велат дека станува збор за обемна анализа која сега е во надлежност на Министерството за економија, и таму треба да се разгледа и да донесат соодветни заклучоци.