Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Средба Николоски – Караџов: Истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.

Средбата се одржа во рамки на Форумот “Глобална Транспортна Поврзаност” што се оддржува во Истанбул, каде свое обраќање имаше и вицепремиерот Николоски.

На средбата беше истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата.

Реклама

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море.

Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8.

Двајцата соговорници се согласија да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во месец јули.