Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му нудела пари на новинарот Драган Павловиќ-Латас за соборување на Мицкоски.
Според изјавата, понудата била дадена пред 4 сведоци.
Латас во поткастот Проверитас раскажува детали од средбата на која му биле нудени пари за да работи против примерот Мицкоски.

-Доаѓа Данела, имаме понуда на маса, нејзизниот разговор е овој: Јас сум другарка со американската амбасадорка, се знам со неа пред да биде амбасадорка. Ќе има проекти за борба против корупцијата, ќе има пари, сакам да соработуваме, рече Латас.
Тој ја одбил понудата. Целата негова изјава погледнете ја во продолжение:
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
Овој текст е надополнет со демант од правниот полномошник на градоначалничката Данела Арсовска кој го добивме на 14.07.2025 година преку Советот за етика на медиумите. Директно до Редакцијата на ТВ Алфа, не е доставено барање за исправка/одговор.
Данела Арсовска ги демантира наводите на Драган Павловиќ Латас
Д Е М А Н Т / РЕАКЦИЈА НА ОБЈАВЕНА НЕВИСТИНА – (Го пренесуваме во целост):
Почитувани,
Во својство на полномошник на Градоначалникот на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, изразуваме најостра реакција и целосно ја демантираме содржината на објавата од 27.06.2025 година на интернет порталот kurir.mk, со наслов: „Латас: Имав понуда од Данела да работам на соборување на Мицкоски (ВИДЕО)“, во која се пренесуваат сериозни и неосновани тврдења изнесени од страна на г.Драган Павловиќ – Латас.
Во конкретниот текст, без ниту една проверена информација, без побарано мислење од засегнатата страна, се изнесуваат наводи за наводна средба меѓу Градоначалникот Арсовска и г. Павловиќ – Латас, при што ѝ се припишува наводна понуда за политичка активност и финансиски средства – што претставува целосна невистина и конструкција.
Со децидност потенцираме дека г-ѓа Данела Арсовска:
-Никогаш не остварила средба, ниту директен или индиректен контакт со г.Драган Павловиќ – Латас;
-Никогаш не му понудила, ниту имала намера да понуди каква било соработка, особено не за политички цели или активности насочени кон трета страна;
-Секогаш постапувала во рамки на јавниот интерес, транспарентно и одговорно, во согласност со највисоките етички и институционални стандарди.
Очекуваме од ваша страна, како медиум што треба да се раководи според принципите на професионално новинарство и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, да го објавите овој демант во целост и во рок од 48 часа, согласно член 13 од наведениот Закон. Во спротивно, ќе бидеме принудени да ги преземеме сите законски чекори за заштита на угледот и честа на Градоначалникот на Град Скопје.
