Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

МЈА: Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Собранието денеска даде поддршка на предлог законот за вработените во јавниот сектор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска даде поддршка на предлог законот за вработените во јавниот сектор, предлог на законот за административни службеници и на предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање и ги проследи во натамошна собраниска процедура.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев посочи дека пакетот реформски закони за администрацијата се во согласност со Стратегијата за реформи на јавната администрација, Акцискиот план на Министерството за јавна администрација и со Роковникот за европската агенда.

-Овие закони во минатиот период долго беа во европските извештаи и се надевам дека конечно дојдовме до крајот и дека пратениците ќе ги изгласаат,  рече Минчев.

Реклама

Според него, со предлог законот за вработените во јавниот сектор се поставуават темелите за професионализација на јавниот сектор. Ќе се овозможи секој конкурс да биде јавен, а институциите ќе бидат обврзани на целосна транспарентност.

Селекцијата ќе се врши низ три јасни доверливи фази: администратина проверка, тестирање и интервју со кандидатот, врз основа на криетриуми.

-Ќе се вработува врз основа на заслуги, а не на познанства, стакна Минчев.

Тој најави централизација и дигитализација на огласите и посочи дека секој оглас за вработување ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата за администрација.

-Борбата против партизацијата е еден од главните фундаменти. Со јасни ограничувања на дискрециските овластувања и со строги правила, го прекинуваме просторот за партиски и за неформални вработувања во јавниот сектор. Се воведува нова специјализирана категорија за ИТ кадарот со повисоки плати и современи услови за работа, се поедноставуваат плановите за вработување и за систематизација, за мобилност за јавните службеници и за унапредување засновано на услуги. Ќе има и увид во привремените вработувања, наведе министерот Минчев.

Во предлог законот за административни службеници, пак, е предвидено да се воведе систем на вработувања со електронски тестови и со практични проверки,. Агенцијата за аминистрацијата како интегрален дел од Министерството за јавна администрација ќе гарантира фер и транспарентен, дигитализиран избор, односно процес кој ќе се снима.

Предвидено е и задржување на младите таленти со хибриден и далечински модел на работа, подржан со менторство.

Со законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, меѓу останатото, треба да се овозможи усовршување, што ќе направи учењето да биде задолжително и континуирано. Обучувачи ќе бидат искусни административци со финансиска награда.

Пратениците го изгласаа и Законот за инспекциски надзор, со кој се укинува Инспекцискиот совет, а се формира колегиум на директори на државни инспекторати како меѓуресорско координативно работно тело.

Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на реализацијата на реформската агенда во согласност со европските стандарди и приоритети.