Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Муцунски: Нема да има промени на нашите позициите за уставните измени

„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени.

На маргините на Самитот на НАТО во Хаг, Муцунски беше прашан за ставот кај дел од меѓународните претставници дeка власта тактизира на оваа тема и дека сè ќе биде поразлично по локалните избори наесен.

Реклама

„Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални избори нема да влијае врз тие позиции. Нема да влијае врз нашето очекување за предвидливост, нема да влијае врз нашето очекување дека кога нашиот сосед бара од нас одредени промени во делот на малцинските права, треба да очекува дека и ние ќе имаме некои очекувања дека од нивна страна ќе се почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), нашето очекување за поголема јасност во европските документи дека нема повторно да бидеме доведени во иста ситуација. Не е ова прва отстапка што се бара од нашата држава од ваков вид и да, процесот на европска интеграција на сите земји во сите фази на проширување бил тежок и комплексен, но ниту еден не бил како што е македонскиот случај и од таа гледна точка, не очекувам по локалните избори да има промена по однос на позицијата што ние како држава ја имаме по ова прашање“, кажа Муцунски.