Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик и дека ќе се воспостават заеднички контроли (One Stop Shop) на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија).

– Тоа се две убави работи за македонските граѓани кои денеска се случија. Првата е што помина „One Stop Shop“ со Србија и со Косово и сега на северната граница не очекувам да има толкав метеж како што беше досега.  Десет милиони патници овој период поминуваат низ територијата на државата, дел одат во други земји и на годишни одмори. Конечно по толку месеци се реши прашањето за луѓето и за платата на луѓето во Инспекторат за албански јазик, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Македонското Собрание денеска во рамки на 55. седница го донесе Законот за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република  Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија).

Реклама

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека граѓаните секојднево го чувствуваат отворањето на „One Stop Shop“ на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан и најави дека на 5 јули 2025 година да се отвори и со ГП Табановце. Додаде дека тоа е многу важно и ќе биде олеснување за дијаспората и за српските државјани, кои, како што рече, патуваа и порано чекаа со часови.