Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицкоски: Новата болница во Кичево ќе биде завршена за две години со британска поддршка

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи изградбата на нова болница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи изградбата на нова болница во Кичево. Проектот ќе се реализира во рамки на стратешко партнерство со Обединетото Кралство и Северна Ирска.

– Реконструкцијата, односно изградба на нова болница со здравствен дом во Кичево е дел од стратешкото партнерство кое го потпишавме со Обединетото Кралство и Северна Ирска и во рамки на тоа ова ќе биде отпочнато и завршено и очекуваме во рамки на две години да се изгради, целосно опреми и пушти во употреба, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по одржаната владина седница.

Дополни дека тоа, како што рече, „ќе биде еден современ, европски проект со најсовремена опрема која ќе служи за граѓаните од тој дел“.