Реклама
Економија

Реакции за ребалансот на буџетот: Вложувањата во инфраструктурата ќе го поттикнат економскиот раст

Проекциите на Владата се реални и остварливи. Растот се темели врз зголемената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекциите на Владата се реални и остварливи. Растот се темели врз зголемената потрошувачка поради поголемите плати и пензии, а особено инвестициите на приватниот сектор. Бизнисмените се задоволни што не се крати од капиталните инвестиции. Токму напротив, тие се зголемуваат за речиси 5% и ќе достигнат 772 милиони евра. Ова е втора година како не се кратат капиталните инвестиции со ребаланс на буџетот. Владата огромни надежи полага во градежната експанзија, особено изградбата на патиштата и инфраструктурните проекти кои ги реализираат општините. Аналитичарите сметаат дека токму тоа ќе придонесе за поголем економски раст годинава.

„Моите очекувања се, да , остануваат елементите во новиот државен буџет исти, но најголемиот фокус треба да биде во исполнетоста на капиталните инвестиции. Да, амбициозна е ставката на капитални инвестиции, но од друга страна начинот на исполнетоста ќе зависи од дисциплината на целокупниот систем во спроведување на таа исполнителност. Тука треба да биде клучот“ – вели Синиша Наумоски – универзитетки професор.

Реклама

Еден од најголемите ризици врз растот е зголемената инфлација од 2,2 на 2,8%. Тензиите на Блискиот Исток и прологирањето на војната во Украина создаваат притисок врз цените на нафтата и можат да го поскапат производството. Министерката за финансии вели дека таа, Министерството за економија, Пазарниот инспекторат активно ја следат состојбата како на цените низ маркетите, така и врз поскапувањето на нафтата и другите берзански цени. Доколку дојде до промени, ќе има и соодветни мерки. Повеќе пари ќе има и за зголемена конкурентност на домашните фирми. Токму вакви мерки посакува бизнисот – велат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Имајќи в предвид дека ние како држава во регионот, но и пошироко се соочуваме со зголемена стапка на оперативни трошоци и секако дека тоа се одразува на финалните цени на производите и услугите кои ги нудат и продаваат на клиентите. Во тој дел, мислам дека Владата може повеќе да направи“ – рече Дурим Зекири од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Со прекроената државна каса, се обезбедуваат повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, субвенции, здравство. Вкупните расходи ќе изнесуваат 6,56 милијарди евра, а вкупните приходи 5,92 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе остане на истото ниво од 4% од БДП или 672 милиони евра. Се зголемуваат и парите за исплата на плати на администрацијата, најмногу поради  повисоките плати за 10% во Министеството за внатрешни работи. Исто така, предвидени се и повеќе пари за пензионерите. Во септември ќе има ново покачување на пензиите, но се уште не се знае колкаво ќе биде тоа.