Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Ристески: Владата ги следи цените на прехранбените производи, комплетната анализа ќе биде готова наредната недела

Владата редовно ги следи цените на основните прехранбени производи и ако има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата редовно ги следи цените на основните прехранбени производи и ако има потреба ќе реагира со мерки. Заменик министерот за економија Марјан Ристески вели дека анализите на Државниот пазарен инспекторат ќе бидат готови следната недела. Тој уверува дека животниот сртандард на граѓаните ќе биде заштитен, но и дека за да се излезе со конкретни мерки и одлуки, треба претходно да се направат добри анализи. Засега информациите од Пазарниот инспекторат се дека мало зголемување на цените има кај кафето и маслото за јадење, кои се берзански производи.

„Особено вратени се дел од цените на производите како што беше пред одлуката, којашто беше пред еден месец и повеќе, има мало покачување на одредени цени, има останато некои и на исто ниво. Но, имаме поголемо зголемување на цените на кафето и маслото, кои се берзански производи и зависат од светските берзи. Меѓутоа, сепак за крајна одлука ќе биде известена јавноста, доколку ја има, а тоа ќе ја покаже комплетната анализа, која ќе биде готова во текот на наредната недела“ – рече Ристески.

Инфлацијата може да ја подгреат и поскапувањата на енергенсите на светско ниво, главно поради воените тензии на Блискиот исток. Ристески вели дека ревносно се следи и глобалната ситуација и берзанските цени на енергенсите. Доколку има поголеми поместувања, смета дека е очекувано Владата да реагира со нови мерки.

Реклама

„Ја пратиме не само ситуацијата на внатрешната економија, туку ги пратиме и светските случувања, она како што иде, така и ќе реагираме како Влада. Мораме да бидеме и претходно спремни и да имаме информации и да имаме состаноци на повеќе министерства и на Влада. Се прати ситуацијата доколку ескалира работата, која би предизвикала и одреден потрес и на светската економија, нормално е дека ќе реагира Владата со соодветни мерки“ – изјави Ристески.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу брзо ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Тој не прецизираше за што се работи, само дека Владата сериозно му пристапува на проблемот. Владата во февруари ги ограничи маржите на повеќе од 100 групи на производи. Мерката траеше до 30-ти април. Веќе следниот месец, во мај инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 3.3%, а за еден месец цените пораснале за 1.5%. За една година храната и пијалаците поскапеле за 4.9%, алкохолот и цигарите за 6 отсто, а комуналиите за 2.2%.