Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Пад на невработеноста во првиот квартал годинава

Економијата расте, невработеноста се намалува. Пад на стапката на невработеност од 11,9…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата расте, невработеноста се намалува. Пад на стапката на невработеност од 11,9 на крајот на 2024-та на 11,7% во првиот квартал годинава – објави државната статистика. За само три месеци, се вработиле 1.884 луѓе и сега во земјава се ангажирани над 702 илјади вработени. Како невработени се пријавени 92.600 граѓани. Стапката на невработеност кај младите до 29 години и натаму е висока и изнесува 22% и токму затоа нивното ангажирање е приоритет во Оперативниот план на Агенцијата за вработување. Дел од аналитичарите очекуваат невработеноста и натаму да паѓа, особено во текот на летото кога голем дел македонски граѓани одат на сезонска работа во странство. За поголем успех за нивно задржување овде, сметаат дека се неопходни инвестиции кои ќе донесат подобро платени работни места, како и реформи во администрацијата и правосудството.

Падот на невработеноста во првиот квартал доаѓа истовремено со раст на економијата од 3%. Нејзин главен двигател е градежништвото со зголемување на активностите за над 7%, како и бруто инвестициите кои се поголеми за 18%. Според аналитичарите градежните проекти треба да се завршуваат побрзо и во дадените рокови за поголеми ефекти врз бизнисот и граѓаните. Освен тоа, сугерираат да не се форсира само еден сектор, градежниот, туку дека треба да се стимулира и вложува во иновации, земјоделство, ИТ индустрија, односно во се што носи додадена вредност во економијата.

Од Владата се задоволни од постигнатиот економски раст во првиот квартал. Според постигнатото, македонската економија е меѓу првите во Европа според растот, веднаш после Ирска, Данска и Полска. Пред распишувањето на локалните избори се очекува во Собранието да помине и ребалансот на буџетот. Министерството за финансии овие денови се координира со министерствата околу распределбата на финансии во нивните буџети. Засега, остануваат проекциите за раст на економијата од 3,7% во 2025-та година.